А У Т О Б И О Г Р А Ф И Ј А

Ardian Masar Demiri

 

 

Роден сум на ден 19.03.1975 год.во Струга,во едно образовано семејство.Мојот татко беше еден од првите дипломирани правници во градот Струга со завршен Правен факултет во Белград во 1967 година.Работеше како судија во Основниот Суд во Струга(1967-1974),а потоа правничката кариерата ја заврши во Општина Струга како Секретар на Извршниот Совет на Општина Струга.Мојата мајка има завршено Виша медицинска школа во Белград,и до пензионирањето работеше како главна медицинска сестра во Центарот за Дијализа во Струга.

 

Женат сум и имам две малолетни ќерки.Мојата сопруга е лекар стоматолог,и има своја приватна стоматолошка ординација во Струга.

 

Основното образование го завршив во Струга,додека средното во Гостивар - електро техничка струка во текот на учебната 1994-95 година.

 

По завршувањето на средното училиште,во почетокот на 1996  година се запослив во администрацијата на Општина Струга - Комуналната инспекција на Општина Струга.

 

После отслужувањето на воениот рок се вратив на работа во Општина Струга,и во октомври 1998 година се запишав на Правниот факултет - Јустиниан Први во Скопје,на почеток како редовен студент,а потоа,поради работните обврски во Општина Струга се префрлив и продолжив да студирам како вонреден студент.

 

Паралелно со работите кои ги вршев во Општина Струга и студирањето на правниот факултет,активно се занимавав со музика,односно бев гитариста и бас гитариста на една многу позната албанска рок група од Струга(Shekulli i dreqit, превод:Ѓаволски век).Музиката ми беше пасија уште како мал,кога на 12 годишна возраст за прв пат почнав да свирам на гитара.Со музика се бавев до некаде летото 2005 година,кога поради обврските на работа морав да се откажам од неа да се бавам активно.

 

Правниот факултет го завршив во текот на 2005 година.По дипломирањето,во Администарцијата на Општина Струга бев единствен правник,и бев приморан целокупната правничка работа во децентрализираната Општина Струга да ја вршам јас.Во сите овие работи кои ги вршев беше и застапувањето на Општина Струга пред надлежните судови во Р.Македонија како и пред другите државни органи во градот и надвор од него,каде што постигнав многу добри резултати.

 

Работејќи на застапувањето на Општина Струга пред надлежните судови,ми се роди голема лубов за граѓанската област во правото,а посебно за имотно-правните односи,градежното земјиште идр.па поради ова се запишав на постдипломски студии на Правниот Факултет-Јустиниан први во Скопје-Граѓанска група кои студии сеуште ги следам.

 

Во текот на мојата кратка работна биографија сум учествувал на многу семинари (од каде имам и сертификати)од областа на управата,градежништвото,трговските друштва,хартиите од вредбост,судството идр.на кои сум бил активен и сум учествувал со  мои предлози и сугестии.   

 

Сосема на крај решив мојата правничка кариера да ја градам на еден сосема друг правец од досегашниот,и да се откажам од комоцијата која ми ја дава службеничката служба во Општина Струга и да се обидам понатака да вложам во Адвокатската професија со надеж дека ќе ги покажам и во ова дејност истите резултати кои ги покажав во мојата 13 годишна работна активност во Општина Струга.Укажувам дека во досегашната кратка стручна  биографија никој ништо не ми дал на готово,и све што сум постигнал сум го постигнал со голема желба,работа и посветеност.

 

Со почит.

 

 

                                                                                                А Д В О К А Т

                                                                                    АРДИАН Масар ДЕМИРИ 

 

 

 

!

 

Expression Web Templates

 

Copyright you.com. All Rights Reserved.